Објавено на:

Филипче: Бугарија не го негира нашиот идентитет, да беше жив Гоце Делчев, сигурно би се борел против криминалната група на Мицкоски

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, а Македонија има една работа кон членството во ЕУ, односно Уставни измени.

„Кога се повикувате на грешки или камен на сопнување, треба да знаеме што зборуваме. Никаде од Бугарија не сме слушнале дека Бугарија го негира нашиот идентитет, ниту пак нешто е направено во време на владите на СДСМ и резултат да се загрози нашиот национален идентитет. Имаме една работа и се знае што треба да се направи со цел вистински да започнат реформите и да продолжи патот на евроинтеграции, а тоа се уставните измени. А со Уставните измени буквално ништо не е загрозено. Лага е на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тоа што го кажа“, рече Филипче.

Тој кажа дека Рубин Земон се оградил од својата изјава за Гоце Делчев после реакцијата на јавноста. Смета дека ако Гоце Делчев бил жив, сигурно би се борел против власта на Христијан Мицкоски.

Во однос на изјавата, човекот се огради веднаш после реакцијата на јавноста. И ако мене ме прашате, и јас ќе се оградам, нема дилема. И ако мене ме прашате, и јас ќе се оградам, ние во СДСМ го делиме истото мислење какво е значењето и големината на Гоце Делчев и тука апсолутно нема никаква разлика. Ама тоа што и на тоа власта стави фокус изминатите денови е само поради тоа што нема одговор на главните прашања. Немаат одговор тие и затоа се занимаваат со измислени непријатели. И како можат долгот да порасне за 2 милијарди евра, нови, а граѓаните не виделе бенефит. Како и зошто не растат платите. Христијан нема одговор зошто тоне стандардот на граѓаните. Зошто растат цените, 4.000 денари е зголемена потрошувачката кошничка. Нови 700 милиони евра се земени пред недела-две. Христијан нема одговор дали ќе имаме независно судство или ќе си бира негови лица. Гоце Делчев да беше жив сигурно ќе се бореше против оваа криминална група на чело со Христијан Мицкоски.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…