ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО ИСТАНБУЛ: Падна Дритан Реџепи, водач на нарко-картелот „Компанио Бело“

t

Водачот на нарко картелот „Компанио Бело“, Дритан Реџепи е уапсен денеска во Истанбул, откако со помош на колумбиски пасош влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул.

Ова го потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува агенцијата Анадолија.

Лидерот на нарко картелот „Компанио Бело“ се барал од властите на Албанија и Италија, а бил и на црвена потерница на Интерпол за убиство, трговија со дрога, киднапирање, изнуда, незаконско лишување од слобода, фалсификување патни исправи и нелегална трговија на оружје и муниција, пренесува Анадолија.

Според информациите од извори блиски до безбедносните сили, Реџепи влегол во Турција преку аеродромот во Истанбул, користејќи колумбиски пасош на име Бенџамин Омар Перез Гарсија.

Водачот на картелот е пронајден преку соработка на полициите на Италија и Турција во доменот на размена на разузнавачки информации.

„Компанио Бело“ е позната како криминална група од големи размери која се занимава со шверц на дрога од Јужна Америка во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…

Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…

Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…

Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…