Ченто: 6 години од најподмолната акција на монструмот – Ќе дојде и земската правда и Божјата правда за нашите џелати и монструми

t

Поминаа 6 години откога се започна со најподмолната акција на монструмот, ама не нѐ судеа нас, ја судеа Македонија, а правдината ќе излезе на виделина, објави Фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто”.

Во продолжение целосниот текст на објавата:

6️⃣ ЦЕЛИ ГОДИНИ БОРБА за правда и вистина

7️⃣ ПОЧНУВАМЕ.

⚫ Поминаа цели 6 години од кога се започна најподмолната акција на МОНСТРУМОТ и неговите верни слуги за промена на името и Уставот на Македонија во која жртва беа невини луѓе кои сеуште ја бараат правдата низ институциите кои се под контрола на власта и чекаат да се смени власта за да се ослободат стегите и конечно да ја дочекаат правдата и да излезе вистината на виделина.

🕰️ Поминаа цели 6 години кога беа апсени луѓе во раните утрински часови пред нивните деца со пиштоли на главите.

🚓 Поминаа цели 6 години на психичка тортура за луѓе кои си ја сакаат државата и луѓе кои ден денес се во затвор ни криви ни должни.

Операцијата започна страшно како да се апси некоја ќелија на Ал Каеда.

🧑‍✈️Народот до ден денешен е во страв од тоа што се случи на крајот на ноември 2017 година кога специјалци и алфи наоружани до заби со борбени возила упаднаа во домовите на луѓето да ги апсат за ТЕРОРИЗАМ.

♦️Од таа акција на државата до ден денешен е влеан стравот кај граѓаните на Македонија, дека ако постапите спротивно на тоа што го прави Владата и ако мислите различно од нив, ако не се покорите, ќе ви се случи тоа што му го правиме на овие луѓе.

🔴 Таа акција не беше за да се казнат луѓето кои беа уапсени, таа акција беше да се казни МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој се спротивстави на редефинирањето и промената на името.

⚫ НЕ НЀ СУДЕА САМО НАС ШТО НЀ ОСУДИЈА ЗА 27 АПРИЛ, ТИЕ ГО СУДЕА МАКЕДОНИСКИОТ НАРОД И ЈА СУДЕА МАКЕДОНИЈА ПОКРАЈ НАС.

Таа акција беше да се покаже дека следно се што ќе правиме во државата или ќе го поддржите или ќе завршите како овие луѓе што денес ги уапсивме и ги судиме за тероризам.

❌ Пораката беше јасна, СЕДЕТЕ ДОМА кога го менуваме името, СЕДЕТЕ ДОМА кога ве ограбуваме, СЕДЕТЕ ДОМА и не протестирајте против НАС оти ве следува исто што им направивме на овие луѓе.

🤐 За жал, акцијата успеа.🤐

Повеќето од нас утрото бевме уапсени и сеуште сме во затвор со драконски казни и сеуште се бориме, некои се амнестирани кои до ден денес се борат против оваа ненародна власт, некои се амнестирани како пратениците и наградени кои не го издржаа притисокот и кои ја продадоа Македонија за замена да не одат во затвор.

Огромен број на Македонци живеат во пекол секој ден од политичките прогони кои се случуваат секој ден повеќе од 7 години.

🧑‍✈️ Акцијата беше насочена првенствено кон пратениците кои ги отворија вратите БИДЕЈЌИ ЗНАЕШЕ МОНСТРУМОТ дека на нив им е помила слободата и парите отколку државата и името Македонија и во тоа успеа, ги скрши, ги уцени и го доби тоа што го посака.

Впрочем тоа и Дескоска и Богоевски го потврдија, дека амнестијата беше со цел пратеници да гласаат за промена на Уставот.

🦁 Од друга страна во затвор на казни од по 10,11,12,13,14,15,18 години се луѓе кои не беа потребни за таа операција за промена на името, ТУКУ беа потребни за да се влее стравот кај народот со таквите тортури, изживување, понижувања, психолошки тортури од најопасен степен. УДБА не им е рамна во тоа што го правеа.

Со лажни сведоци туркаа обвинение надвор од памет, а материјалните докази покажуваа сосема спротивно.

Цел еден систем под контрола на власт беше спрегнат за да се истера таа акција до крај.

Од МВР, од обвинителството, од судии во Кривчен суд, Апелациониот суд и Врховниот суд исите тие во кои народот има

1% ДОВЕРБА ја донесоа пресудата во ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ????

❓❓НА КОИ ГРАЃАНИ❓❓на тие од 1%?

Запрашајте се, од кога ние сме во затвор цели 6 години, ШТО И СЕ СЛУЧИ НА МАКЕДОНИЈА, какви се негативни промени и последици доживеа државата.

Македонија веќе не е онаа што беше до 2017 години, тотално е редефинирана во негативна смисла.

Правосудната власт НАЈКОРУМПИРАНА во последните 30 години со доверба од 1%..

#ЧестНаИсклучоци🙏

Судијата кој го водеше предметот доби награда да биде Претседател на Уставен суд.

Афери секој ден за било кој сегмент од општеството, дали правда, безбедноста, економија, животна средина, иселување и што уште не, секој ден нов пораз.

💽☎️ Вистината за 27 април не е излезена на виделина и во затвор лежат луѓе кои не се виновни.

✅ 27 април НЕ БЕШЕ ТЕРОРИЗАМ, народот се обиде да го спречи ДРЖАВНИОТ УДАР која денешнава власт го направи на 27 април 2017 година.

⚖️ Правдата може е спора но ќе победи и ќе излезат на виделина сите работи, сите оние што беа вклучени во ова монструозно сценарио и нѐ судеа невини, и тие ми монструми ќе завршат на црните страни во историјата на Македонија.

Почнува 7️⃣ година од кога патриотите се по затвори а џелатите на власт.

Македонија е девастирана држава, труло општество во кое владее Законот на МАФИЈАТА а не на правдата.

Еден ден ќе изгрее сонцето на слободата за нас, ќе дојде правдата за нас и за Македонија!

Ќе дојде и земската правда и Божјата правда за нашите џелати и монструми, а таа еве полека полека почнува со главните актери кои беа вмешани во нашиот случај.

Да живее Република Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април изнесува 39.134…

Просечната нето плата во април изнесува 36.134…

Ограбена обложувалница во Ченто

На 08.06.2023 во 21:50 часот во СВР…

Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…

(Видео) Арсовска: Целосно завршена изградбата на улицата…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на…

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…