Јавно обвинителство: Пет лица под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране
Пет лица се под истрага и се приведени во врска со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на селото Чегране. На сите пет лица им е одредена мерка притвор.
-Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 26 ноември, извршиле разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на селото Чегране. Вооружени со огнено оружје, најпрвин физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката, му се заканиле и со метална жица му ги врзале рацете, а потоа го затвориле во тоалетот. Со метална хебла насилно ја отвориле вратата на фабриката и противправно одзеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограми неисчистен канабис, кои ги натовариле во камион и го напуштиле местото на настанот, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Постојат околности кои укажуваат дека осомничените од Дебар, Струга и Гостивар, од кои најмладиот има 18, а најстариот 39 години, би можеле да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци и да го повторат делото, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите петмина. Основниот суд во Гостивар го прифати предлог и им определи притворска мерка.
Претходно денеска и Министерстото за внатрешни работи информираше за расчистувањето на случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на селото Чегране.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…
На четирите малолетнички против кои се водеше…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…
Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…