Јакимовски: Мицкоски е несреќа на македонската политичка сцена
Мицкоски е несреќа на макдонската политичка сцена, поготово на опозоцијата, истакна градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во денешното гостување во емисијата “Жешо политичко лето” на Канал 5 телевизија.
– “Не знае што да прави во наредниот период и главна тема ќе му биде референдумот за кој нема потреба. ГРОМ му дадовме квалитетен предлог, да излеземе сите опозициони партии и оние од власта, да потпишеме дека доколку народот ни даде доверба и мнозинство на првата констиутивна седница на Парламентот ќе го поништиме француско-бугарскиот предлог.
Сега се крие зад народот, ви гарантирам дека нема да има излезеност на референдумот и тоа Мицкоски го знае и тоа ќе му биде пас за уставни измени.
Јас немам проблеми со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со членството туку со Мицкоски, сметам дека не е достоен за политика.
Тој ја држи опозицијата под кумплуг, најслаба власт во историјата, а тој 6 години не може да ја урне. Јас мислам дека има сериозни шанси некој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени и тоа да му биде изговор да си се повлече од политиката со завршена одиграна улога”, истакна Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…