Љубе Бошкоски ќе му помага на Мицкоски во „војната“ против Груевски заедно со Кекеновски, Малчевски, Славевски…

t

Наместо внатрепартиска кохезија, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го проширува фронтот против Никола Груевски со лица чија политичка кариера веќе со години е во хомеостаза.

Иако навидум изгледа дека конфликтот помеѓу Мицкоски и Груевски е нов и постои од неодамна, анимозитетот на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе со години работи на демонизирање на улогата на екс-лидерот на партијата помеѓу членоството, обидувајќи се да ја избрише меморијата за најдобрите години на партијата но и билдање на поедини авторитети – не преку работа и резулати, туку преку плукање врз подобрите од себе и врз претходниците.

Конфликтот во ВМРО-ДПМНЕ го започнува Мицкоски уште во 2017. година кога во највисокиот извршен орган на партијата, Извршниот Комеитет, сегашниот претседател на партијата ги постави тогашните т.н. реформатори како членови на ова партиско тело.

Токму реформаторите во ликот на Петар Богојески – Бунтур, Александар Михајловски но и неколкумина останати, релативно непознати лица бараа оставка од Груевски. Уште во 2017 година, кога Мицкоски ја започнува неговата кампања против Груевски, на прес-конференции оваа т.н. фракција водеше анти-кампања.

„Груевски веднаш да си даде оставка и да овозможи на демократски конгрес слободно и демократски да се избере нов лидер“, рече Александар Михајловски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ во 2017.година.

Веднаш потоа, дел од кабинетскиот тим на Мицкоски станаа луѓе кои во времето на Груевски беа разрешени или дистанцирани од партијата, но и од владејачката структура на ВМРО-ДПМНЕ.

Прв во тој ред се најде, кој друг ако не Трајко Славевски. Министерот за финансии кој важеше за најнепопуларниот политичар на ВМРО-ДПМНЕ но и најнеуспешен во својата работа. На крајот, Славевски одби да даде оставка со што неговото заминување на министерската функција ќе беше достоинствено, и одбра да биде разрешен од Груевски.
Сигурно се сеќавате на неговиот патетичен говор во Собранието на Р.Македонија кога ги молеше пратениците да не го разрешуваат бидејќи, во негови зборови, тој всушност бил многу добар во својата работа.

Неговите молби тогаш не успеаа.

Меѓу останатите во анти-Груевскитичкиот кампус на Мицкоски се најде и најгласниот – Самоил Малчевски. Човек кој иако трудејќи се да се наметне како голем интелектуалец, неговите скромни можности го спречуваа во тоа. Малчевски сега е „ударна тупаница“ на Мицкоски во конфликтот со Груевски.

И внатрепартиската расправија можеби е и очекувана, но она што можеби е помалку очекувано е активирањето на луѓе кои одамна свртеа грб на ВМРО-ДПМНЕ, но сега се дел од „воениот кабинет“ на Мицкоски во војната која тој му ја објави на Груевски.

Љубчо Георгиевски е еден таков. Човекот кој преживеа неколку порази токму од Груевски, па на крајот неможејќи да му се спротивстави се приклони кон Бранко Црвенковски, а подоцна стана дел и од владата на Зоран Заев. Сега, Георигевски е „командант“ на Мицкоски во војната со неговиот создател Никола Груевски.

Нормално, каде е Георгиевски таму е и Балковски. Човекот кој водеше кампања против ВМРО-ДПМНЕ, а во корист на СДС на Зоран Заев.

Но она што е најсмешно можеби, но истовремено и трагично е и регрутацијата на Љубе Бошкоски – економскиот промотор на владата на Зоран Заев.

Мицкоски и Бошкоски веќе оствариле две средби, една ресторантска, а пред некој ден и кабинетска средба во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ. Детали од разговорот се уште нема, но се знае темата – „братот“ Љубе ќе го предводи фронтот на Мицкоски против Груевски.

 

Смешно, нели?
Или пак, трагично?

Да не заборавиме дека во рововите се и Зоран Ставревски, Гордана Јанкулоска, Антонио Милошоски, Александар Николоски но и други кои своевремено беа меѓу најблиските соработници на Груевски.

И да не го заборавиме, Кекеновски. Човекот кој со песна и хармоника „војува“ во корист на Христијан Мицкокски.

Прашањето кое се поставува сега е околу причината за ваквиот конфликт. Што му треба на Мицкоски внатрепартиска војна, ако води со 2:1 во однос на СДСМ?
Страв е во прашање?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

Љубе Бошкоски ќе му помага на Мицкоски…

Наместо внатрепартиска кохезија, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…