Членови на ВМРО-ДПМНЕ ги регистрирале бугарските фашистички клубови: Граѓаните бесни – Блефирате пред народот и собирате поени!

t

Бугарските “културни” клубови во Македонија полека но сигурно ги воскреснуваат неофашистичките и неонацистички идеи на Балканот, а државата и институциите имаат слаба, скоро никаква реакција за овие случувања.

Сè почна со клубот “Иван Михајлов” во Битола, потоа “Цар Борис Трети” во Охрид, во процедура за отварање е и клубот “Цар Фердинант” во Богданци, а “Инфомакс” дозна дека се подготвува отварање на четврт клуб во земјава, овојпат во Ресен, за што реагираше и политичката партија Левица.

И покрај сите поделби во македонското општество, сепак пратениците во Собранието на Република Македонија постигнаа консензус за промена на Законот за здруженија и фондации, со цел да се спречи во иднина да се отвараат здруженија со имиња на контраверзни историски личности. За истата цел министерот за правда Никола Тупанчески најави формирање на ад хок тело, посебна комисија за процена на адекватноста на имињата на здруженијата.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, од друга страна, рече дека СДСМ и ДУИ само привидно даваат поддршка за забрана на фашистичките клубови.

Сепак, Мизрахи доби коментар дека регистраторите на бугарските клубови во Битола и Охрид се членови токму на ВМРО-ДПМНЕ, некои дури и поранешни функционери назначени од партијата.

– А што се регистраторите во Централните Регистри во Битола и Охрид ? Тие се ваши , ВМРО-вци. Ленка Рашајковска ви беше ,, надарен кадар ,, -директор на Централен Регистар Битола . Двајцата регистратори ( одговорни за уписот на фашистичкиот клуб) Ленка Рашајковска и Влатко Вељановски( донесен од Македонски Брод на работа во Битола, како во Битола да нема правници).

Еден од нив двајцата одобрил упис во Ценрален Регистар Битола . Тие , согласно закон ,точно знаат дека е потребно во докуметацијата за упис да се приложи соодветна дозвола за употреба на името ,, Иван Михајлов,, .Па … останува заклучокот:

Ако тие одобриле упис на фашистички клуб , без соодветна приложена дозвола ,одговорноста е во еден од овие двајца . Ако пак во поднесената документација за упис е приложена дозвола за тоа треба да одговара тој што издал таква дозвола. Лесно и едноставно, нели?

И уште нешто: Во Цетрален Регистар на Македонија постои КОМИСИЈА . Ако се поднеси жалба за уписот на фашистичкиве клубови и ако не се законски запишани , комисијата има право уписот да го прогласи за НИШТОВЕН. И ТОЛКУ. Сево ова останато , сите што го пишувате , е или од неупатеност или блефирате пред народот и собирате поени коментирајки на празни и неточни зборови, пишува во еден од коментарите.

И друг граѓанин прашува дали пратеничката Мизрахи е свесна дека членовите на клубовите се регрутираат од членството на ВМРО-ДПМНЕ.

– Абре Мизрахи, свесна си од чие членство се регрутираат членовите на овие клубови? Ако не знаеш од твоите редови на партијата на која припаѓаш, твои сопартијци, не си ја ишкај мувата од глава. Знаеше чија униформа нсеше кога јаваше на коњ со Пандов. На Ванчо Михајлов, свесна си или не пратеничке?

Дека граѓаните не коментираат без причина доказ се и фотографиите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското фашистичко здружение од Охрид “Цар Борис Трети”.

Дополнително, Љупчо Палевски објави дека  член на ВМРО-ДПМНЕ дал простор под кирија на Бугарите и дека за кратко во сред Скопје ќе се отвори нов бугарски клуб.

Претходно претседателот на бугарската “Фондација Македонија”, објави фотографија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со зборникот на браќата Миладиновци кој е претставен како „зборник на блгарски народни песни“.

На фотографијата Мицкоски се наоѓа во Бигорскиот манастир кој според познавачите на состојбите е центар на бугаризацијата на Македонија, на што посочува и самиот Стојанов кој во објава на Фејсбук вели дека тоа е најбугарскиот манастир во Македонија.

Ситуацијата со бугарските здруженија во Македонија е напната, како и целата атмосфера меѓу двете држави предизвикана од бугарските барања во изминатите неколку години кои кулминираа со францускиот предлог и барањето за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија како државотворен народ.

Се работи за промена на преамбулата на Уставот, каде покрај Македонците, Албанците, Турците, Власите и останатите наброени народи ќе треба да се додадат и Бугарите, а бидејќи прмиерот и Владата имаат срце “како планина” се предлага вкучување на Хрватите, Црногорците и Египќаните во нашиот Устав.

Страшно е што внесување на Бугари во Уставот е услов за преговори и влез на Македонија во ЕУ, пострашно е што Христијан Мицкоски во последните неколку изјави во медиуми кажува дека неговите пратеници ќе поддржат уставни измени доколку ЕУ даде цврсти гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање.

Дополнително загрижува што никој не ги негира наводите на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски дека на власта ѝ фалат само два пратеници за промена на Уставот.

Во меѓувреме власта и министерството за опозиција координирано одвлекуваат внимание со дневно-политички препукувања, таканаречени афери и банални прес-коференции со цел пасивизација на македонскиот народ и ублажување на реакцијата од идната промена на Уставот.

Трпелив е македонскиот народ, истрпел многу низ историјата, ама не е глупав како што некој сака да го направи и дефинитивно не заслуживме некој да ни го продава последното парче гордост и идентитет за да може да купи уште по некој стан, вила во странство или можеби и хидроцентрала, нема да штети во време на енергетска криза.

Додека е човекот жив, сè е пари, во случајов сè е хидроцентрали и тоа медени. Ама многу благо не чини, не јадете лакомо да не ви засркне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…