Се потврдуваат информациите на Инфомакс: Јотова во ресенското село Евла! Мицкоски мисли дека посетата не е провокација!
Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вечерва во посета на ловечка куќа во селото Евла, Ресенско, за кое Инфомакс веќе извесно време пишува дека се вршат притисоци за бугаризација на населението, но и за можно отварањее на нов бугарски клуб во Ресен.
“Реконструкција на туристички објект во битолскиот регион – Бугарски ловни традиции од времето на Цар Самоил до денес.”
Ова е називот на проектот што го доби сопственикот на Ловечкиот дом во ресенското село Евла, за негово доопремување како ресторан. На таблата пред објектот пишува дека проектот се реализира со бугарска помош за развој од Министерствто за надворешни работи преку Генералниот конзулат на Бугарија во Македонија.
Сопствееникот Нуамче Ставревски за локалните жители е познат како “Волкот”, а жител на селото ексклузивно за Инфомакс претходно кажа дека ловечката куќа е често посетувана од страна на бугарски државјани, но и официјални делегации, како онаа на Јотова денеска.
Јотова го посетува регионот на денот кога Битола го одбележува Денот на ослободувањето од бугарскиот фашистички окупатор.
Додека локалното население ова го смета за провокација, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не верува оти посетата на Јотова е провокација.
„Доколку нема чесна намера и ако оваа посета се корисит за политичка провокација, оваа посета треба да биде осудена од сите. Но јас се надевам дека посетата е со добра намера и не е со намера да се провоцира“, рече Христијан Мицкоски.
Повеќе за обидите за бугаризација во Евла може да прочитате на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…
На премиерот му е јасно дека Таравари…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…
ЦК на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски очекуваат…
Владата е стабилна силна и успешна –…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…