(Фото) Македонските фудбалери изгубија од Азербејџан: Ковачевски ги бодреше заедно со неговиот син

t

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да победи ниту во вториот пријателски натпревар во ноемврискиот термин. „Рисовите“ на Благоја Милевски загубија на домашен терен против Азербејџан (1-3), во меч кој се играше во незгодни услови поради дождот во Скопје и тешкиот терен на Арената „Тодор Проески“.

По ремито со Финска во Скопје, уште еден неочекуван резултат доби домашната публика која и на овој натпревар беше во скромен број. Ова беа последни активности за Македонија, а на обврските тимот се враќа во март кога ќе стартуваат квалификациите за ЕП 2024.

Премиерот Димитар Ковачевски од трибините ги бодреше македонските фудбалери заедно со неговиот син, а фотографии од натореварот објави и на Фејсбук.

– Огромно задоволство беше денеска да се навива за нашата фудбалска репрезентација на натпреварот со Азербејџан. Честитки и од мене и од мојот син за целата екипа, за извонредната игра и за постигнатите резултати, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…