СТРАШНО: Во Кина измерени неверојатни 80 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ!
Во 2008 година, термометар на сончевиот дел на Огнените Планини во Кина, познати и како планините Хуојан, забележа температура од 80 степени Целзиусови.
И покрај екстремната температура во овој дел на кинеската провинција Ксинџијанг, голем број туристи се собраа да се фотографираат покрај огромниот термометар кој покажува 80 степени, објавија кинеските медиуми.
Во Кина со недели се бележат високи температури. Така, во неделата беше соборен кинескиот рекорд во турпанската депресија, бидејќи беше забележана температура од 52,2 степени Целзиусови, додека претходниот рекорд, измерен на истото место во 2015 година, беше 50,3 степени.
Пекинг се бори и со високите температури, кои со недели ја погодуваат кинеската престолнина, бидејќи вчера го одбележа 27-от ден со температури над 35 Целзиусови степени, што е нов локален рекорд. Претходно, таков рекорд, кој траеше 26 дена, беше забележан во 2000 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…