Утре во 18 часот протест пред Влада по скандалите на Онкологија

t

По низата скандали на Клиниката за онкологија, за утре во 18 часот е закажан протест пред Владата на Република Македонија.

Во продолжение повикот на организаторите:

– Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и ОДГОВОРНОСТ од сите министри за здравство!

Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!

Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!

  1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.
  2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.
  3. Бараме одговорност од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска. – стои во описот на настанот објавен на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…