Џафери: Идната година ќе имаме премиер Албанец
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери потсетува дека идната година во земјава ќе се одржат двојни избори и дека за првпат ќе биде именуван Албанец за премиер.
„Во 2024 година ќе имаме двојни избори, за претседател на државата и парламентарните избори. Со тоа ќе се овозможи Владата на оваа земја за првпат да биде предводена од албански премиер“, изјави Џафери во гостување на Теве1.
Тој потсетува дека тоа го налага политичкиот договор меѓу четирите главни партии во времето кога договорот е постигнат.
„Прашањето за албанскиот премиер е дефинирано со овој парламентарен состав и беше предмет на политички дискусии во составот на актуелното мнозинство, тоа е политички договор за совладеење во овој мандат, дека последните 100 дена од оваа Парламентарниот состав со техничката влада ќе го води премиер Албанец“, рече Џафери.
Запрашан дали постои можност по новите избори да има албански премиер, тој рече дека тоа зависи од консензусот на мнозинството по изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанец од Косово осуден за членство во…
Министерството за правда на Соединетите Американски Држави…
Албанец шверцувал 940.000 ЕВРА: Патувал од Австрија…
Против државјанин на Албанија Т.М. е поднесен…
Мицкоски: Не ми е проблем ќе појдам…
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Албанец уапсен на Деве Баир
Албанец уапсен на еден македонски граничен премин. …