Дојави за бомби во Подгорица, прекината е наставата во неколку училишта!

t

Неколку основни училишта во Подгорица ја откажаа наставата поради дојави за бомби кои беа испратени на електронските адреси на училиштата.
Наставата засега е откажана во училиштата „Максим Горки“, „Сутјеска“, „Радојица Перовиќ“, „Павле Ровински“ и „Марко Миљанов“, соопшти Министерството за образование, наука и иновации на Црна Гора. Од тој оддел им препорачуваат на училиштата наставата да се одржува онлајн.
Училишната управа веднаш ја известила полицијата, евакуирани се учениците, наставниците и воннаставниот персонал, а полициски екипи се веќе на терен, се проверуваат просториите“, се вели во соопштението на Министерството.


Како што наведоа, Министерството е во постојана комуникација со Полициската управа и ЦБ Подгороц и за се навремено ќе ја информира јавноста.
„Препорака на Министерството до образовните институции е што поскоро да се организира онлајн настава за сите ученици“, велат од одделението, пренесува РТЦГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Боговиње нашол бомби кашикари во…

Работејќи го земјиштето, жител од Боговиње нашол…

Дојави за бомби во речиси сите училишта…

Во речиси сите основни и средни училишта…

Голем број дојави за подметнати бомби во…

Голем број дојави има за поставени бомби…

Во Подгорица претепани новинарка на „Побједа“ и…

Зоран Беќировиќ (63) од Колашин, неговиот син…

Авион принудно слета во Подгорица поради лажна…

Авион на полската компанија ЛОТ денеска принудно…