Студентски отпор: Ако се покачи партиципацијата за студирање излегуваме на протест!
Од Студентски отпор најавуваат протести, бидејќи, според нивните најнови информации надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.
Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите. Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија.
Како најавтентична студентска организација која ги застапува правата на студентите, ова сериозно не загрижува затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на оние посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.
Апелираме итно да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе мора да се гледаме на улиците како што тоа го правевме кога сакаа да го укинат оброкот. Повлекување одма – или протест!, велат од Студентски отпор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…