11 лица загинаа откако мост во Кина се урна поради дождовите
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30 се водат како исчезнати откако мост во северна Кина се урна поради поројни дождови, јавија кинеските медиуми.
Мостот на река во Шанглуо во провинцијата Шанкси се урнал „поради поројни дождови и поплави“, јавија кинеските медиуми, цитирајќи го покраинскиот оддел за односи со јавноста.
– Речиси 20 возила и повеќе од 30 луѓе се исчезнати откако се урна мост во река на автопат. Сите 11 потврдени жртви биле пронајдени во пет возила кои досега се извадени од водата – соопштија кинеските медиуми.
Големи делови од северна и централна Кина се зафатени од вторникот од дождови што предизвикаа поплави и значителна штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…