За албанскиот амбасадор во Скопје, албанскиот јазик не е работа за судовите
Албанскиот амбасадор во Скопје Денион Меидани го повторил ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се очекува одлука на Уставниот суд.
Меидани на социјалните мрежи напиша дека албанскиот јазик не е работа на судовите, затоа албанскиот идентитет не смее да се допре.
„Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Сакам да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на бригадите, албанскиот јазик не е работа на судови и законски формулации“, напишал Меидани на социјалните мрежи, а пренесе МИА.
Тоа е всушност изјавата на премиерот Еди Рама кој меѓу другото од дебатата во Тирана, организирана од фондацијата „Арбр Џафери” порача дека „албанскиот јазик во Северна Македонија не е прашање на Уставниот суд”.
„Кој има очи, чита. Кој има уши, слуша. Пораката е јасна и непроменлива, нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени“, посочил Меидани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…