Холанѓаните се жалат: Маваа со сешто, голот беше полн со вода… ама така е изгледа на Балкан!
Холандија во меч со тензична атмосфера успеа да слави над Македонија (32-37) на Светското првенство (СП) во ракомет, а гневот настана заради судиската двојка од Данска, Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, кои во неколку наврати донесоа спорни одлуки.
По натпреварот во Вараждин, говореше голманот на холандската репрезентација, Матијас Рекс, кој истакна дека досега не видел вакво нешто на ракометен натпревар и сите настани биле апсолутно луди.
„Човеку, почнаа да маваат кон нас, леташе сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Очигледно, така е изгледа на Балканот. Во еден момент, кога сакав да ја фрлам топката, голот го наполнија со вода. Апсолутно лудо! Ова нема никаква врска со ракомет. Ама, некогаш работите се и такви“, изјави Рекс по мечот.
Холандија со две победи оди во следната рунда и ќе игра за првото место со Унгарија, додека Македонија во последното коло треба да остане непоразена со дебитантот Гвинеја за да ја мине групата на СП 2025.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во пристаништето во Ротердам: едно лице…
Едно лице загина, а неколку други се…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…