Шпански судии ќе ја делат правдата на дуелот Македонија – Катар
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло на групната фаза, кое денес ќе се игра во Вараждин и Хернинг.
Дуелот меѓу Македонија и Катар ќе го водат судии од Шпанија. АСОБАЛ-арбитрите со интернационална значка Игнасио Гарсија и Андреу Марин Љоренте се делегирани за дуелот меѓу Македонија и една од најдобрите азиски селекции. Шпанците му судеа на македонскиот првак минатата сезона против Алборг во Данска, а ја делеа правдата на уште неколку македонски клубови во Европа.
Делегати на натпреварот се Олесен од Данска и Забала од Аргентина.
Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра попладнево во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.
Извор: ГОЛ.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…