Објавено на:

Опожарени викендичка и овоштарник во Идризово

t

Викендичка и овоштарник во село Идризово се опожарени вчера, а материјалната штета сè уште не е утврдена. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со три противпожарни возила и осум пожарникари.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите на Град Скопје имале уште две интервенции во текот на вчерашниот ден и тоа на стрниште на површина од 1.200 метри квадратни во село Буковиќ и на уште една помала интервенција.

Според информациите на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 12 пожари на отворено на територија на цела држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…

Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца…

Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски…

Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје…

Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе…

Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за…