Тројца возачи повредени во сообраќајна несреќа во Карпош
Судир на два автомобила и трицикл се случил вчера претпладне во скопската населба Карпош, а повредени се возачите на трите возила, соопшти МВР.
„На 04.05.2025 во 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Орце Николов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(60), патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(50) и трицикл „томос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(30), сите од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле другите двајца возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…