Објавено на:

Вулин ќе се кандидира за претседател на Србија

t

Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја објави својата кандидатура на вонредните претседателски избори што ќе се одржат во декември, објавија српските медиуми.

Тој побара од своите поддржувачи да ја поддржат неговата кандидатура на претстојните претседателски избори.

„Кога ќе завршат парламентарните избори, ќе имаме уште едни избори, уште една борба, избори за претседател на Република Србија. Сакам да верувам дека секој следен претседател ќе биде претседател на српскиот свет и, ако ми ја дадете вашата поддршка, сакам да се кандидирам за претседател на Република Србија.

Вулин досега имаше голем број позиции, познат е и како соработник на Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ. Тој го водеше Социјалистичкото движење од 2008 до 2022 година.

Од 2022 до 2023 година беше директор на Безбедносната и информативна агенција (БИА), а од 2024 до 2025 година потпретседател на Владата на Србија.

Вулин беше прогласен за персона нон грата во Хрватска на 21 април 2018 година, додека беше министер за одбрана на Србија. Хрватското Министерство за надворешни и европски работи потоа објави дека „до понатамошно известување, тој не е добредојден во Република Хрватска“.

Повод беше неговата изјава дека Александар Вучиќ, кого го нарече врховен командант на српската армија, а не хрватските министри, може да одлучи за неговото пристигнување во Хрватска. Хрватска ја оцени таа изјава како неприфатлив обид да се негира хрватскиот суверенитет, односно фактот дека хрватските институции одлучуваат за влезот на странци во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подготовки за зимата во Маврово: Ренџерите оставаат…

Во Националниот парк „Маврово“ започна поставувањето минерални…

Монголија ја засили контролата на границата со…

Монголија воведе превентивни мерки и засилен здравствен…

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…