Објавено на:

(Видео) Силна експлозија во близина на Вашингтон: Има повредени

t

Силна експлозија, во која се повредени 10 лица, од кои тројца потешко, одекна во населбата Литонсвил, во градот Силвер Спринг, кој граничи со Вашингтон.
Експлозијата во Силвер Спринг го однела покривот на една од зградите, а делови од нејзината фасада прелетале преку улицата. Оштетени се уште три објекти кои се прогласени за небезбедни за домување.

Скот Голдстајн, шеф на пожарната и спасувачката служба на округот Монтгомери, изјави дека 10 лица завршиле во болница, а тројца се здобиле со сериозни повреди, пренесоа американските медиуми.
„Рано е да се зборува за причините за експлозијата“, рече Голдстајн.
Моментот на експлозијата е снимен и на снимката од безбедносните камери. Избувнал пожар кој бил видлив од голема далечина.

Мештаните сведочеа дека неколку часа пред експлозијата на улицата се чувствувала силен мирис на гас, пренесува „Ен-би-си“.
Ова е втора голема експлозија во Силвер Спрингс во последните години. Претходниот се случи во 2016 година, кога загинаа седум лица, а целиот станбен комплекс беше срамнет со земја. Причина за експлозијата биле неисправни инсталации за гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум повредени во невремето во Скопје

Осум лица биле пренесени во скопските болници…

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…

(Видео) Поморски дрон експлодира во пристаниште во…

Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот…

Трамп: Судијата ќе биде одговорен ако се…

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше…

Едно лице загина, девет се водат како…

Голем хемиски резервоар, со околу еден милион…