И “модерниот” Таравари бара премиер Албанец: Дискриминирани сме иако сме 30% од населението, некои функции ни се забранети

t

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Топ чанел вели дека е потребна промена кај Албанците од Македонија.

-Потребен ни е подостоинствен однос кон правата на Албанците и да има промени и во албанските политички партии – изјави претседателот Арбен Таравари.

Според него, Албанците се уште се дискриминирани иако сочинуваат 30 отсто од населението во Македонија.

– Одете во скопските населби, населени со Македонци, и ќе видите дека таму е град, можеби меѓу најдобрите во регионот. Ако отидете во областите каде што живеат Албанци, на пример во Чаир, Бутел или Сарај како да сте во некој друг свет – вели Таравари.

Тој додава дека дискриминацијата продолжува иако половина од владиниот кабинет го сочинуваат министри Албанци.

Според лидерот на Алијанса, во државата има некои позиции кои се забранети за Албанците, како што се министерот за внатрешни работи, премиерот и претседателот, и тоа мора да се промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец им зел 11.000 евра за да…

Педесет и седумгодишен жител на тетовско село,…

Хаг: Албански сведок изјави дека бил приведен…

На судењето на четворица водачи на поранешната…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

Албанец со украдено англиско возило сакал да…

На 18.01.2024 во 18:30 часот на Граничен…

Хорор во Солун: Албанец до смрт ја…

Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била…