Кина ги забрани чиповите на Intel и AMD во владините компјутери
Кина подготви нови упатства за постепено отстранување на американските микропроцесори направени од Интел и AMD од владини компјутери. Насоките за набавки предвидуваат и замена на оперативниот систем Windows со домашен софтвер.
На владините агенции над општинско ниво им е предложено да вклучат критериуми кои бараат „безбедни и доверливи“ процесори и оперативни системи при купувањето, пренесува Seebiz, цитирајќи го Financial Times.
Според Ројтерс, кинеското Министерство за индустрија во декември објави список на процесори, оперативни системи и централизирани бази на податоци кои се сметаат за „безбедни и сигурни“ и произведени од кинески компании.
САД имаат за цел да го зајакнат домашното производство на чипови и да ја намалат зависноста од Кина и Тајван според Законот за наука од 2022 година. Законот е дизајниран да ја зајакне американската индустрија за полупроводници и обезбедува финансиска помош за домашното производство со субвенции за производство на напредни чипови.
САД во моментов размислуваат да стават на црната листа на голем број кинески производители на чипови поврзани со Huawei. Компаниите кои би можеле да бидат на црната листа на САД ги вклучуваат Qingdao Si’En, SwaySure и Shenzhen Pensun Technology Co. и PST, како и водечкиот кинески производител на мемориски чипови ChangXin Memory Technologies Inc.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…