Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во Сирија
Кина повика да се изнајде „политичко решение“ во Сирија по симнувањето од власт на претседателот Башар ал Асад, кој беше принуден да ја напушти земјата поради офанзивата на исламистичките бунтовници.
„Се надеваме дека сите вклучени страни ќе дејствуваат во интерес на сирискиот народ за брзо изнаоѓање трајно политичко решение за враќање на стабилноста во Сирија“, изјави на прес-конференција портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.
„Кина цврсто ќе го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет“, додаде таа во врска со Тајван. Портпаролката нагласи дека островот е „нераскинлив“ дел од Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…