Муслиу: Џафери има обврска да докаже дека и со премиер Албанец, државата нема да пропаднe

t

На Талат Џафери кај нас или кај неговиот електорат каде што го бираат, гледаат како на принципиелен човек кој нема некоја афера. Тој не е паднат преку лотарија таму каде што е сега, изјави вечерва политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.

Прилично сум сигурен, додава Муслиу, дека техничкиот премиер Џафери е еден од политичарите кој не ги сменил своите секојдневни манири.

-Сигурен сум дека достоинствено ќе ја врши својата работа и тоа му е првичната обврска, да му докаже на општеството дека и со премиер Албанец, државата нема да пропадне и да се тргнат стереотипите. Ние како општество сме зборувале дали Албанец може да врши функција и кога тоа ќе се надмине, мериторниот систем сигурно ќе биде повеќе вклучен во целиот процес, кажа Муслиу во емисијата „24 анализа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Индија Моди ја започна европската…

Индискиот премиер Нарендра Моди го започна европскиот…

Дејли Меил: Стармер донел одлука да си…

Британскиот премиер Кир Стармер ќе ја напушти…

Маѓар и официјално е премиер на Унгарија:…

Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, кој се појави…

Албанец од Косово осуден за членство во…

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави…

Албанец шверцувал 940.000 ЕВРА: Патувал од Австрија…

Против државјанин на Албанија Т.М. е поднесен…