Полицијата приведе разбојници, ги фатила на лице место како изнудуваат пари од скопјанец
Утрово околу три часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје уапсиле двајца 19 годишници поради основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.
„Веднаш по добиената пријава околу 2:30 часот од Ф.Ф. дека во близина на Собранието на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…
Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…