Се реализираат најавите на Трамп: НАТО базата во Александрополис од која се помагаше Украина се затвора
Американската Влада нареди итна ревизија на базата на НАТО во Александрополис, Грција, преку која и беше доставена воена помош за Украина, јавија дел од медиумите.
Базата се наоѓа во Тракија, на егејскиот брег, во близина на Црното Море, а САД и НАТО ја користеа за транспорт на силите во Источна Европа. Базата била користена и од администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден како транзитна точка за испорака на американска помош, вклучително и воена, за Украина.
Откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека не планира да ја продолжи помошта за Украина, посебно по преговорите во Ријад помеѓу САД и Русија, НАТО базата во Александрополис може да стане непотребна.
Претседателот на Русија, Владимир Путин повеќе пати бараше затворање на базата во Александрополис.
Затворањето е во интерес и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој базата во Александрополис ја смета за закана на турскиот монопол над Босфор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Сиљановска Давкова на средба со командантот на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…
Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…