Објавено на:

(Фото+видео) Провокациите не останаа без одговор: Полицијата уапси неколку хулигани, навивачи на Левски

t

Уште нестартуван натпреварот меѓу Шкупи и Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш инциденти околу најголемиот македонски стадион.

Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.

„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.

Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следеа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.

Извор: Екипа.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во домот на 27-годишен стружанец пронајдени 174…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.…

Уапсен е еден од најбараните бегалци во…

Шведскиот државјанин Али Намдар, клучна фигура во…

(Видео) „Снимам, не правам ништо лошо“ –…

Новинарката Гергана Петрова е уапсена за време…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…

Приведен стружанец за инцидент на прославата за…

На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…